Потпорниот ѕид чиј дел од оградата се сруши во текот на вчерашниот ден останува во „статус кво“ ситуација, а засегнатите ја избегнуваат одговорноста.

Од Општина Центар велат дека доколку тоа било нивна надлежност уште веднаш проблемот ќе бил решен, а оттаму проблемот го адресираат на Град Скопје. И од градските власти ист одговор. Но, тие бараат да интервенира Министерството за здравство. Ни тие не преземаат одговорност. Од таму пак, испратија допис до медиумите каде објаснвуаат дека потпорниот ѕид е изграден на државно земјиште. Дополнуваат дека Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште. Сите инситуциии бараат и повикуваат на итно решавање на проблемот. Но, сите се амнестираат од одговорност.

Се сруши дел од потпорен ѕид на Клинички: Ангелов предупредува за поголема катастрофа

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов уште пред две години апелираше дека треба да се среди овој ѕид. Тогаш, неговото предупредување остана нечуено, па затоа се случи и вчерашниот пад на потпорен ѕид. Тој во вчерашната изјава за медиумите рече дека: „Не треба да чекаме некој да загине да се интервенира“.

Апелираме до надлежните институции да преземат мерки. Лицата кои се движат по улицата Белградска е исклучителна фреквентна, затоа треба час поскоро да се интервенира, рече Стојанче Ангелов

Останува да видиме кој ќе биде „јунакот“ кој ќе се нафати да го среди овој ѕид бидејќи пред се станува збор за општата безбедност на граѓаните од главниот град.