Ниту еден бугарски државјанин не се пријавил за гласање во Охрид на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април. Според списоците на пријавени објавени на веб страницата на бугарското Министерство за надворешни работи, од вкупно предвидените седум градови, во Македонија ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово, додека во Охрид гласање нема да има, бидејќи не се пријавил никој.

Најмногу гласачи има во Кавадарци – 42, Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 22, Скопје 15, Битола 9.

 

На пописот спроведен во Македонија во 2021 година, како Бугари се изјасниле 3504 лица.

 

На петтите по ред парламентарни извори во Бугарија во последните две години, во странство ќе гласаат 47 389 лица, од кои најголем дел во Турција – 28 286.