Согласно решението од Министерството за култура потпишано од Зоран Љутков, новиот министер за култура, в.д. директор на Македонскиот народен театар (МНТ) од денеска е Никола Кимовски.
„Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијта директор на МНТ, која ја извршуваше од 2018 година“, информираат од театарот.
Кимовски уште денеска ќе започне да ја извршува својата должност како директор на националната установа МНТ.