” Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски”.

” Оваа Влада води политика за иднината.

Во изминатата седмица, бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти:

• нова когенеративна централа
• изградба на најголемиот ветерен парк
• реконструиран аеродром Св. Апостол Павле

И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија.

Градежништвото вeќе 18-ти месец расте по ред и тоа е јасен доказ дека капиталните проекти ја движат државата напред.

Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации” – објави Николоски.