Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски е оптимист дека Охридскиот регион ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Николоски денеска одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека својот оптимизма го темели по посетата на Мисијата на УНЕСКО на земјава, минатиот месец, а со чии претставници имале средба тој и заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири.

„Таму водиме една силна битка, но мислам дека е многу многу значајно што успеавме да донесеме преку 10 амбасадори на земји членки на УНЕСКО, тие се тие коишто гласаат, да ја посетат нашата држава“,рече Николоски.

Тој додаде дека веќе следната недела во Јужна Кореја ќе почне генералното собрание на организацијата во рамките на Обединетите нации, по што, според вицепремиерот и ресорен министер, работите ќе бидат појасни.

Говорејќи во тој контекст, Николоски рече дека иако не сака да зборува предвреме, сепак се надева дека земјава ќе успее да го избегне она што го оцени како најкритично за нас, а тоа да Охрдскиот регион да се најде на листата на загрозени подрачја.

„Во однос на најкритичната точка дали ќе оди Охридскиот регион како загрозено подрачје не сакам прерано да давам изјави, но мислам дека ќе успееме да го избегнеме тоа“,изјави Николоски кој денеска заедно со градоначалникот на Тетово и копретседател на Влен, Биљал Касами извршија увид на реконструираната улица „Штипска“ во градот под Шар Планина.

Вицепремиерот и министер за транспот, во тој контекст го спомена и автопатот Требеништа – Ќафасан за кој УНЕСКО имаше резерви дали треба да се гради. Според него, сега по посетата на мисијата повеќе не е прашање дали ќе се гради, туку останува само да се одбере трасата.

Веќе не е прашање дали ќе се гради автопатот, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања целосно да се забрани, сега само е прашање да се одбере трасата. И тоа е веќе многу попозитивно, затоа што дали ќе биде еден километар полево или подесно на крајот на денот ќе се реализира. Така што сум многу поголем оптимист после завршувањето на мисијата која што нè посети“,изјави Николоски.

Минатото лето, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи да го одложи впишувањето на Охрдскиот регион на листата на светски културни и природни наследства во опасност и им даде на Македонија и Албанија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии.

Во февруари годинава владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за Николоски беше во дводневна работна посета на Париз на средба со раководството на УНЕСКО со цел да ги потенцираат заложбите за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.