Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски се сретнал со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи. На средбата разговарале за унапредување на соработката меѓу двете земји и за продлабочување на добрососедските односи.
Николоски во објава наведе дека размениле мислења и за можностите за интензивирање на соработката во области од заемен интерес. Посебен акцент, според него, бил ставен на европската интеграција на двете земји, регионалната соработка и заедничката посветеност на европската перспектива на регионот.
„На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион“, наведува Николоски.
