На прашање од новинарот Илковски, Николоски објасни како стигнале податоците за криминалите на власта до ВМРО-ДПМНЕ.
– Овие афери беа доставени од „свиркачи“ до партијата, тоа е модерен израз за луѓе кои не трпат криминал во институциите во кои работат, па решаваат заради повисок јавен интерес да ги достават до јавноста, па почитувајќи го законот за свиркачи не можам да го откријам нивниот идентитет или датумот кога ги предале, вели Николоски на вечерашното гостување на „Јади бурек“.
Второто е дека има работи кои се јавни. На пример: еден од овие е уапсен во Србија во 2019-та година и го
– Има еден парадокс: овие 214 пасоши сѐ уште не се прогласени за невалидни и ниедна странска држава не е известена да стави блок на овие пасоши. МНР ова не го прави затоа што податоците се точни, сликите се погрешни. Толку отишле во криминал, што работата не може да се врати назад, потенцира Николоски.
Тој додава и околу Седат Пекер. Вели дека по ликот на Пекер е направена серијата „Долина на волците“ во Турција и со тоа Николоски алудира за коква личноста станува збор. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека Пекер аплицирал и за македонска лична карта.