-ВМРО-ДПМНЕ се постави државнички во целата работа околу енергетската криза. Претседателот Мицкоски сето она што го има како професионално искуство понуди контакти кои можат да обезбедат многу поефтин за гас и мазут од оној што Македонија што го купува. И истото што го нуди може да стигне во Македонија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5.
Тој додаде „согласно сознанијата кои ги имам веќе е потпишан тн. ефет договор помеѓу ЕСМ и контактот, односно позицијата која беше дадена од страна на ВМРО-ДПМНЕ“. Претставници на компанијата која беше дадена како контакт во четврток ќе пристигнат во Македонија за да се официјализира сето тоа.
-Она што е вонредно значајно цената на гасот што Македонија може да ја добие е најмалку два пати поевтина од досега што е купувано. Тоа ќе заштити пари на граѓаните и е државнички чекор. Претседателот Мицкоски направи се Македонија да добие поевтини енергенси, скопјани да добијат парно, работниците да земат плата…Се надевам на мудрост од владата за да се финализира ова. Ако не се финализа ова ќе значи дека имаат коруптивни намери, вели Николоски.