Откако Николоски најави „жесток одговор“ доколку Заев изврши национално предавство во преговорите со Бугарија, тој на новинарско прашање дефинираше што точно тоа значи. Најави повикување на народот на улиците се до спречување на актот на предавство.
– Ние сме на улиците и доколку Заев влезе во процес на национално предавство, ќе го повикаме целокупниот македонски народ на улиците до спречување на националното предавство.
Николоски истакна дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ за делување во наредниот период ќе биде соопштена во наредните неколку денови.