Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска оствари средба со заменик шефот на парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ кој е одговорен за надворешната политика, Јохан Вадефул. Николоски, како што пишува на својот Фејсбук профил разговарал за актуелната политичка ситуација и злоупотребата на европското знаменце.

Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:

Средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана. Разговаравме за ситуацијата во Македонија, злоупотребата на европското знаменце кое стана пракса на оваа Влада од СДСМ и ДУИ како и за кршењето на собраниските процедури. Разговаравме и за актуелната политичка состојба, за проектите кои ќе ги направи ВМРО-ДПМНЕ после промената на власта, потребата од силна борба со криминалот и корупцијата кои ја јадат државата, пишува Николоски.