Министерството за транспорт и врски предводена од министерот Александар Николоски презема активности со кои би се спречиле идни непогоди. Тие одземаат лиценци во повеќе сектори како издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови. Еден од нив е и патниот сектор.

„Правиме конртола и во патниот сектор. Таму е превоз на патници или автобуси, комбиња. Овде спаѓаа и превозот на стоки и меѓународно и внатрешно во делот на камиони. Таму, во моментот се прават испитувањата и до вторник ќе ги имам финалните бројки“, рече министерот Николоски на денешното гостување на Сител ТВ.

Тој најави дека во вторник ќе бидат презентирани бројките од сите сектори. Упати пофалба кон општините дека го следат примерот и почнале да ставаат ред во функционирањето.

„Во вторник ќе може да ги презентираме сите бројки. Бројката во делот на градежништвото ќе биде околу 430, ќе видиме како ќе е за патен сектор, ќе објавиме. Ќе одиме со законски измени со кои ова ќе стане пракса, а не добра волја на министерот и вработените во рамки на министерстовото. Се надевам дека ова ќе е пример кој ќе го следат сите останати институции. Еве да честитам на општините, гледам дека од вчера почнаа да ставаат ред во функционирањето“, дополни Николоски.

Министерот Николоски најави редовни контроли на шест месеци со кои би се спречило изигрување на законот.

„Клучниот проблем е прашање на менталитетот. За сите овие 427 лиценци кои ние ги одземаме во моментот кога поднесувале документи ги исполнувале сите услови. Тоа е едно изигрување на системот, како што вели народот „да се снајдам“. Во моментот кога поднесуваат прават напори да ги исполнуваат условите, а веќе откако ја добиваат лиценцата не размислуваат дека тоа е трајна обврска. Тоа е однос кон себе и кон државата, ако направат лошо ќе настрадаат и самите. Затоа ако има контрола на шест месеци ќе воведеме ред. Сите ќе знаат дека ќе бидат проверувани. Повторувам наша цел не е да казнуваме, туку да се почитуваат законите и прописите. Оние кои поднесуваат барање за лиценца, никој со сила не ги тера да ги прават тоа, но мора да се вклопат во рамки на правилата и прописите на оваа држава“, рече Николоски.