Николоски истакна:

-Во однос на кампањата уште еднаш се покажа дека единствено власта што ја интересира се пари, имено јавноста е сведок на она што го објавија медиумите, го коментиравме и ние како ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија закасни со вакцини затоа што преку фирмата ,,СТАБРИ’’ од Хонг Конг, власта се обиде да земе провизија од набавката на кинески вакцини, и затоа Македонија последна доби вакцини

Тој посочи како сега гледаме дека лансираат кампања од 300 илјади евра, така наречена едукативна, а во меѓувреме не прават ништо друго.

-Клучното прашање за власта е зошто во Македонија немаше вакцинација како што имаше во останатите земји на пример во Јануари, Февруари , Март, Април, зошто заради тоа се изгубија илјадници човечки животи и зошто сега ги присилуваат луѓето да се вакцинираат во услови кога тоа требаше да се случува во континуитет од Јануари месец до сега, рече Николоски.