За жал не ги видов ни Османи, Димитров, ниту Заев не ги видов таму што говори колку се сериозни кон својата работа. Можат да кажат дека не било поканети, но и ја не бев поканет и дополнително сум опозиција, но отидов таму да се борам за Македонија, рече потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевзија Сител.

„Јас лично се борам за сопствената држава, но одлуките не ги носам јас, не ги носи ни ВМРО-ДПМНЕ, ги носи Владата. Мора да имаат чисто досие за да ко ќе отидат таму да бидат разоружани сите други држави да го направат притисокот врз Бугарија“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно укажа „и затоа сум многу прецизен одредени држави не се за бугарското вето, но немаат ништо против бугарското вето“.