Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти.

-Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции – напиша Николоски на Фејсбук по состанокот во Владата со кој претседаваше премиерот Христијан Мицкоски посветен на Реформската агенда.

Тој посочи дека институциите се посветени на спроведување на реформскиот процес и развојот на државата.

-Посветено работиме на реализација на реформскиот процес и развој на државата, зајакнување на економијата и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани – наведува Николоски во објавата.