САД како најважен стратешки партнер на Македонија точно го препозна разјадениот систем на владеење на правото повика да се сузбие корупцијата во земјава, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа и додаде дека пораките од САД се такви бидејќи владата која ја предводи СДСМ е најнеспособна и најкорумпирана во историјата на Македонија.
– Оваа влада е најкорумпирана во историја на државата, тоа не го кажувам јас, го кажува најрелевантниот светски индикатор за корупција, тоа е Транспаренси Интернешнл кој Македонија ја смести на 111 место, најниско откако се мери корупција во Македонија. САД се најмоќната држава во светот и се стратешки најважен партнер на Македонија. Таму она што е број еден е правната држава и битката со корупцијата. Тоа САД не го толерираат кај своите партнери и не го толерираат кај оваа влада, потенцира Николоски.
Тој додаде дека Македонија мора да излезе од овој вртлог на корупција, и веќе нема ресурси да се трошат, нема што да се продава, раздава пропадната е државата.
– Ако продолжи вака со корупцијата ќе исчезне државата. Ова со вакцините доказ како се распаѓа државата. САД точно го скицираат проблемот со корупцијата и разјадениот систем на владеење на правото, и повикуваат да се сузбие коруpцијата во Македонија, рече Николоски