Денеска во министерството за транспорт, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Синиша Ивановски, остварија средба со Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Македонија.
На средбата се разговараше за динамиката на капиталните проекти што се реализираат со поддршка од ЕБОР и можноста за идна соработка со Банката.
Министерот Николоски исто така информираше за проектите предвидени во владината програма со посебен акцент на инвестициите во делот на патната, железничката и гасоводната инфраструктура.
Тој истакна дека во периодот што претстои, Владата преку Министерството за транспорт ќе ја засили инвестиционата активност се со цел забрзан економски развој на државата.
Министерот изрази задоволство од поддршката што ја овозможува ЕБОР за Македонија во овие неколку децении и изрази надеж за продолжување на таквата соработка и во следниот период.