Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, И двајцата изјавија дека работите се завршени над 90%.
На оваа изјава реагираше потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
На лагата и се кратки нозете!
Денес Венко Филипче и Благој Бочварски брутално излажаа дека експресниот пат Прилеп – Градско е готов!
Но вистината е сосем друга! Погледнете го видеото и уверете се сами!, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски