Вработените од Македонски железници и Пошта добија плата. Министерот за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи напиша дека ветувањата се реализираат и дека може поинаку да се работи.
Ветувањата се реализираат!
Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата!
Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти.
Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење!
Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку!
#МакедонијаЗаТебе, напиша Николоски на социјалните медиуми.