Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување барања за финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година е 30 септември 2026 година.
Барањата се поднесуваат електронски преку системот на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Земјоделците можат самостојно да го поднесат барањето или да побараат помош во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За полесно информирање и користење на електронскиот систем, подготвен е Водич за директните плаќања во земјоделството за 2026 година, во кој се објаснети мерките, условите, висината на поддршката, потребните обврски и постапката за поднесување и следење на барањата.
Ова на својот фејсбук профил, го сподели и ресорниот министер, Борче Серафимовски, пренесувајќи ја објавата на МЗШВ.
-До 30 септември земјоделците можат да ги поднесат барањата за субвенции за 2026 година. Водичот со мерките, условите и постапката за аплицирање е достапен во објавата, а помош може да се добие и во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, напиша Серафимовски.
