Италијанскиот селектор Роберто Манчини се осврна на актуелните обвинувања против неговиот поранешен клуб Манчестер Сити за време на прес-конференцијата пред дуелот со Турција. Клубот се соочува со сериозни тврдења за финансиски неправилности направени во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Истрагите опфаќаат наводни тајни плаќања и паралелен консултантски договор што Манчини го имал со тимот на Ал Џазира од Абу Даби, со што значително му се зголемувала годишната плата. Според наводите, овие исплати биле структурирани за заобиколување на правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА и Премиер лигата.

Англискиот клуб ги отфрла сите обвиненија, а трофејниот стратег порача дека целиот процес сè уште не е правно заокружен и дека тој нема никаква одговорност за сметководствените постапки на управата.

Не мислам дека Манчестер Сити е прогласен за виновен. Напротив. Тоа не е мој проблем. вели Роберто Манчини.