Во секоја пристојна демократија, опозицијата бара предвремени избори. Доколку опозицијата побара, ние тоа задоволство ќе и го пружиме, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Николоски го повтори ставот на Владата дека преферираат да има редовни избори во 2028 година за да има предвидливост и бизнисот и проектите што се реализираат.

– Ние сметаме дека е потребно да имаме целосен мандат, со цел да има предвидливост и бизнисот и проектите – рече Николоски.

Она што го бараат Левица и Али Ахмети, според Николоски, е несериозна работа.