Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Фокус“ ексклузивно открива нови спорни моменти од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д кој Владата го потпиша со Бехтел и Енка.

Одговара и дали во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ некој би поддржал уставни измени, колку пратеници ќе освојат на нареедните избори, дали поранешниот лидер Никола Груевски има влијание во партијата, но и жестоко го критикува претседателот Стево Пендаровски, пишува Фокус.

Се ближиме до редовните парламентарни избори. Со кого ВМРО-ДПМНЕ би можела да коалицира?

-Пред избори, ја имаме стандардната коалиција „За обнова на Македонија“. Ќе сакаме да ја прошириме. Имаме претставници на сите делови од народи кои живеат во Македонија, сакаме добро да го одразиме населението. А, после избори, јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 пратеник. Такви се сите анкети. Дали потоа ќе поканиме или нема да поканиме партнер, ќе зависи дали тиа партнери ќе ги следат нашите програмски принципи. Но, сум убеден дека ќе освоиме доволно пратеници самостојно да формираме влада, одговори Николоски.

Не доаѓа предвид коалицирање со албански партнер пред изборите?

-Пред избори, мислам дека не е реално и е спротивно на реалноста во Македонија и на балансот којшто постои. После избори знам со кого нема да коалцираме, а тоа е ДУИ. Со сите останати, зависи дали ќе бидат прифатени нашите програмски определби. Повторувам, убеден сум дека ќе имаме мнозинство од 61 пратеник, а дали тоа ќе се зголемува ќе зависи од прифаќањето на нашите програмски определби, потенираше Николоски.

Целото интервју ќе може да го прочитате и во онлајн изданието на неделникот.