Објавата на Николоски ја пренесуваме во продолжение:

Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!
Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.
📌 Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот.
👉 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле.
Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.
Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт.
👉 Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!