Николоски вели дека ова не е ништо ново и нешто што се случува од вчера.
– Гледате дека Зоран Заев нема граница во делот на националните предавства. Исто така се води крајно нетранспарентен процес, во кој што јавноста не добива никакви информации од владата. Информациите стигаат или од бугарска страна или како шпекулации.
Николоски го предупреди Заев да не си игра со македонскиот национален идентитет, јазикот, култура, историја и самобитност, затоа што ќе добие жесток одговор на било каков обид за ништење на овие работи.
Во исто време, вели, оние на кои што им коленичи и на кои им е спремен да им попушти се, знаат со кого имаат работа и не се ни обидуваат да скријат дека не го почитуваат.
– Никој не почитува човек кој не се почитува самиот себе. Никој не почитува човек кој е спремен себеси национално да се избрише. Па така, од Бугарија стигаат изјави дека се свесни дека оди во Бугарија со цел да може да манипулира на следните избори и дека тие нема да го дозволат тоа, да бидат вовлечени во нашите избори.
Од друга страна, додава Николоски, гледаме врвни интелектуалци кои велат дека не е точно дека Бугарија ништо не направила на Заев, туку напротив – Бугарија му помогнала на Зоран Заев да дојде на власт во Македонија.
Николоски вели дека ова е потврда на сето тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува во последните четири години, дека имало изборен инженеринг кој бил спонзориран и од соседните држави.
– Тоа ќе се спречи на следните локални и се надевам предвремени парламентарни избори во октомври, кога ќе се стави крај на овие национални предавства, заврши Николоски.