Според податоците од Државниот завод за статистика, досега околу 1 милион и 518 илјади граѓани се веќе попишани.
-Преку овој процес доаѓаме до прецизни податоци за сите граѓани, за да може да се креираат ефективни мерки кои ќе донесат развој во секое населено место. Затоа упатувам голема благодарност до инструкторите, до реонските попишувачи и до сите од Државниот завод за статистика за професионалноста и посветеноста во успешното реализирање на пописот. После 20 години како земја членка на НАТО можеме, мораме и ќе имаме успешен попис и тоа патот по којшто ја трасираме иднината на нашата земја Република Северна Македонија“, рече вицепремиерот Николовски.