Во духот на празникот, како што порачува Николовски, да ја шириме добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла.

– Да се потсетуваме на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите. Токму тоа се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме. Да го продолжиме заедничкиот пат, преку негување и унапредување на концептот едно општество за сите, концепт кој не обединува и кој води напред. Ви посакувам добро здравје, благодет, радост и среќа. Честит Рамазански Бајрам! , вели Николовски во честитката.