МВР ги потврди претходните неофицијални информации дека поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски бил повикан на распит во полиција и треба да одговара за злоупотреба од повеќе од 800 илјади евра.

„По пристигната пријава до ОЈО за член 353 Злоупотреба на службена положба и овластивање во однос на Распишување јавен повик во 2023 година за финансиска поддршка на микро земјоделски производители на вино, каде без никаков основ законски се поделелени над 50.000.000,00 (над 820.000 евра) средства од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) без никаква законска надлежност, по наредба од ЈО, три лица, едниот од кои тогаш бил министер, а другите двајца членови на комисии за распределба, а сега не работаат веќе во Министерството, повикани се во полиција да дадат исказ за наводите во пријавата – потврдија од МВР за Плусинфо.

Испратено е барање до МЗШВ за прибирање на допонителна документација по барање на ЈО, истата СВР Скипје по комплетирање ќе ја оспрати до ОЈО, додава МВР во информацијата.

Николовски, пак, денеска во реакција на „Фејсбук“, напиша дека не се работи за прекршување на Законот за јавните набавки, ниту за пријава од земјоделци, и притоа обвинува дека „станува збор за монтиран случај, кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“.