– Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција, велат од кабинетот на Николовски.

Вицепремиерот во писмената изјава вели дека одлуката значи оти секоја употреба на службено возила ќе мора да е одобрена и наменска.

– Со новите одредби, секое користење на службените возила мора да одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности, вели Николовски.