Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел по шести пат во оваа сезона се избори за пол-позиција во Формула 1 шампионатот, овојпат за трката за Големата награда на Катар.

Британецот дојде до првото место благодарение на кругот од 1:21.695 минути, време што го постигна при своето прво возење на патеката во одлучувачкиот дел од сесијата.

Зад него е новиот светски шампион, клупскиот колега Кими Антонели, додека за место во вториот ред се изборија асовите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Првата десетка место имаше уште за Исак Хаџар, Макс Верстапен, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Арвид Линдблад и Лијам Лосон.

Трката во Катар се вози утре со почеток од 17 часот.