Владата нема за цел да ја внесе државата во ЕУ, ги влошува односите со соседите и повторно се враќаме назад. Додека нашите соседи напредуваат, ги слушаме послендите информации за Албанија, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во емисијата „Објектив“ на МТВ.

– Додека земјите од регионот одат кон ЕУ, нас никој нема да не чека да си зборуваме за фрустрациите. После НАТО, членството во ЕУ е наша стратешка цел и друга алтернатива немаме. На младите генерации им е преку глава од национализам и политикантство. Тие очекуваат реформи, пристап до отворениот пазар на ЕУ и до фондовите како и брзо остварување на стратешката цел за членство, а со тоа и враќање на довербата во системот и европски квалитет на живот за да останат дома. Пример е секторот земјоделството и храна каде со многу работа остваривме силен напредок, ги спроведовме реформите и сме лидери во искористеноста на европските фондови. За жал, оваа Влада не враќа назад и после успешниот скрининг не прави ништо на овој план додека земјите од регионот одат напред и се одвојуваат од нас, рече Николовски.