– Кога нешто се случува во некој ресор првиот човек што го води мора даде оставка без разлика дури и од исходот на истрагата. За се што се случува во една институција одговорен е првиот човек. Уште првата вечер кога се случи тоа Филипче требаше да поднесе оставка од функцијата, и ако во истрага се покаже нешто дополнително тогаш треба да одговара и кривично, рече Никовски.

Никовски рече дека ситуацијата сега укажува само на она што се случи и со делењето на пасоши на криминалци, и тогаш одговараа само од пониските ешалони.

Во државава има едно чудо објекти кои можеше да се пренамененат, а што направија они потрошија огромни пари за модуларни болници, рече Никовски.