За сите гости храната и пијалокот ќе бидат безплатни, но под посебни услови – сите присутни ќе мора да бидат вакцинирани или да ја прележале болеста или да имаат негативен корона тест.
Резултатот по пробната свадба ќе биде темел за креирање идни епидемиолошки мерки во Хрватска за случни настани.
На овој настан максимално може да има 150 гости, а ќе изгледа како и сите останати свадби – ќе трае од 20 часот во сабота до раните утрински часови во недела, додека храната и пијалоците ќе бидат бесплатни.
Мора да се задоволат четири услови за оние кои во сабота ќе се најдат на оваа посебна свадба: мора да се вакцинирани против Ковид-19 со втора доза најмалку 14 дена пред настанот или да го преболеле Ковид 19 најмалку 180 дена претходно или да имаат негативен брз или ПЦР тест во последните 48 часа пред почетокот, односно мора да се согласат на ПЦР тестирање што ќе го спроведе Хрватскиот завод за јавно здравје.
Сите присутни ќе бидат тестирани на присуство на вирусот и по свадбата.
Порано денеска, потпретседателот на хрватската влада и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита најави можно попуштање на епидемилиочките мерки на 1 јуни.
Божиновиќ рече дека по два експериментални настани – работна вечера, односно свадба со 120 гости, ако се утврди дека немало ширење на заразата, ќе се разгледа попуштањето на мерките за такви настани.