Како што се наведува, Министерството за внатрешни работи само го тестирало масовното испраќање на пораки, кое ќе се користи за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, а со цел да ги информира лицата кои аплицирале за електронско следење на настаните за промените во датумите на тие настани, пренесува портал 24UR.

– Сите ќе бидете уапсени – гласеше пораката која ја добија околу 200 корисници, но 45 минути подоцна тие добија друга порака со извинување. Како што е наведено, станува збор за „човечка грешка“.