Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе бара компензација од Иран за конфликтот на Блискиот Исток. Тој посочи дека ова барање ќе биде дел од евентуалните идни мировни преговори. Како причина за својот став Трамп ги наведе насилството и нападите за кои го обвинува Иран во текот на децении.
Американскиот претседател рече дека Иран бара компензација за штетите што ги претрпел во последните пет месеци од воениот конфликт.
„Јас исто така барам компензација од Иран за сите луѓе кои ги убија или тешко ги ранија“, изјави Трамп.
Тој додаде дека неговото барање се однесува и на други конфликти во кои, како што наведе, Иран бил вклучен.
