Најмалку 12 лица загинаа во вооружен напад во државата Сокото, Нигерија, пренесува Анадолија.

Командантот на државната полиција во Соко, Сануси Абубакар, изјави дека неидентификувани вооружени лица го извршиле нападот во Маикуера, регионот Рабах.

Абубакар потврди дека во нападот загинале 12 лица, а многу се ранети.

Тој рече дека не се точни тврдењата дека напаѓачите киднапирале некои од локалното население.

Конфликт на локални селани и пастири
Во некои делови на земјата е забранета употреба на мотоцикли поради честите напади на возачите во последно време.

Во некои области на Нигерија, пасиштата честопати доведуваат до конфликти меѓу локалните селани и овчари кои доаѓаат од други делови на земјата, особено меѓу овчари од заедницата Фулани и племиња кои живеат од земјоделство.

Членовите на заедницата Фулани тврдат дека земјоделците се обидуваат да им го украдат добитокот и често ги напаѓаат.