Сепак, резултатот од брзиот тест ќе се препознае само доколку е внесен во дигитален сертификат одобрен од ЕУ.
Затоа, услов е електронскиот сертификат да биде издаден од референтна институција од земјата на потекло.
Покрај оваа измена, сепак останува обврската да се пополни електронскиот формулар за апликација – PLF, преку веб-страницата www.travel.gov.gr , најмалку 24 часа пред да влез во Грција, а потоа доказ за имунизација во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина.
Невакцинираните мора да имаат негативен PCR-тест не постар од 72 часа, а доколку имале коронавирус, треба да обезбедат потврда дека имале ковид од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова е потврдено со тогаш позитивниот PCR или тест за антиген со кој е дијагностициран вирусот.
Инаку утрово на единствениот отворен граничен центар со Грција нема гужва, освен значаен број на камиони кои чекаат да го преминат граничниот премин „Богородица“ од македонска страна и „Евзони“ од грчка страна.