Во близина на Сараево се запленети 1,1 тон синтетичка дрога катинон, со проценета вредност од 33 милиони евра на наркопазарот. Властите на Босна и Херцеговина денеска соопштија дека станува збор за рекордна заплена.

Во дводневната акција било приведено едно лице. Покрај дрогата, надлежните одзеле и огнено оружје, мобилни телефони, документација и друг доказен материјал.

Синтетичкиот катинон е опасен стимуланс што се користи како замена за кокаин и екстази.