Тој ќе биде слободен граѓанин на трети септември откако ја одлежа казната од седум години за испраќање на доброволци во Сирија да се борат за „Исламска држава“.
Тој важи за главен регрут на млади момчиња да заминат на боиштата и пред да го уапсат држеше верски предавања на Балканот.
Тој беше познат по изјавата дека Србите кои живеат на „исламски земји“ не треба да се убиваат но оти треба да им се наплаќа поголем данок.
Босниќ пред една година доживеа семејна трагедија кога во реката Сана му се удавија синот и братот.