Африканскиот центар за контрола на болестите (ЦДЦ) соопшти дека варијантата има околу 40 мутации.
Лидерот на ЦДЦ, Џон Нкенгасонг, денеска на прес-конференција кажа дека „ова секако е варијанта која предизвикува загриженост“.
Танзанија не објавува податоци за инфекциите со коронавирус, така што и мутацијата не може да се следи.
Покојниот претседател Џон Магуфули, кој неодамна почина, се спротивстави на борбата против коронавирусот.
Нкенгасонг денеска кажа дека се уште не е познато дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни против оваа нова варијанта на вирусот.
Тој предупреди дека Африка е на пат кон третиот бран на пандемијата од Ковид-19.
ЦДЦ наведува дека британската и јужноафриканската варијанта на вирусот е потврдена во 18 африкански земји.
Нкенгасонг ја поздрави одлуката на компанијата „Џонсон & Џонсон“ за производство на својата вакцина во Јужна Африка. Компанијата се согласи да испорача 220 милиони дози од вакцината, со можност за дополнителни 180 милиони, а повеќето ќе ги произведува во Јужна Африка.