Новак истакна дека Азија ќе остане главна дестинација за извоз на руска енергија.

Русија има нафта за наредните 30 години. Според проценетите резерви на нафта, Русија е на осмото место во светот. Се верува дека под површината на оваа земја има околу 80 милијарди барели (еден барел е 159 литри). Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека цената на барел нафта на светскиот пазар наскоро би можела да надмине 100 долари.