Нови 632 случаи на КОВИД-19 од направени 6531 тест се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа. Оздравени се 248, а починати 11 лица, од кои седум во изминатото деноноќие, најмладиот на 40 години, и дополнително четири лица, со датум на смрт од 20 декември до 5 јануари.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 470, Охрид – 35, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – девет, Кичево има пет нови случаи, Неготино – четири, Куманово – три, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци по два и по еден нов случај е регистриран во Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица – по две од Скопје (68г и 76г) и Битола (40г и 75г) и по едно починато лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се четири лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20 декември 2021 до 5 јануари 2022. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од нив, две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Регистрирани сe и 248 оздравени пациенти. Во Скопје – 142, Битола – 22, Кавадарци – 13, Охрид – 10, Прилеп – седум, Куманово – шест, Штип, Струмица, Велес и Гевгелија имаат по пет оздравени, Валандово, Ресен и Македонски Брод по четири, Тетово, Богданци и Берово по тројца, Дојран – двајца и по еден оздравен во Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево.

Епидемиолошки анализи на заболени и на активни случаи по градови:

Скопје 103 316, Активни 5558
Куманово 13 320, Активни 213
Тетово 11 513, Активни 112
Прилеп 11 197, Активни 546
Битола 9905, Активни 755
Гостивар 8153, Активни 79
Кавадарци 7665, Активни 301
Велес 7625, Активни 162
Охрид 7082, Активни 396
Штип 6901, Активни 175
Струмица 6442, Активни 214
Кичево 4393, Активни 101
Кочани 4167, Активни 71
Струга 3983, Активни 54
Гевгелија 3069, Активни 162
Неготино 2690, Активни 71
Свети Николе 2172, Активни 29
Крива Паланка 1995, Активни 50
Ресен 1948, Активни 104
Радовиш 1853, Активни 60
Делчево 1501, Активни 48
Берово 1491, Активни 12
Дебар 1464, Активни 6
Виница 1191, Активни 13
Пробиштип 1162, Активни 20
Валандово 1079, Активни 66
Кратово 795, Активни 6
Богданци 712, Активни 36
Демир Хисар 663, Активни 27
Крушево 645, Активни 44
Македонски Брод 558, Активни 23
Демир Капија 440, Активни 7
Македонска Каменица 432, Активни 8
Пехчево 363, Активни 4
Дојран 183, Активни 6

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 232 068 од 1 648 399 тестирања. Оздравени се 214 506 пациенти, починале 8023, а активни случаи има 9539.