За неколку часа дизел горивото ќе поскапи 1,5 денари. Половина денар ќе порасне бензинот од 95 октани, а бензинот од 98 октани за 1 денар.
Согласно одлуките на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ. Еуросупер БС-95 по новата цена ќе се продава по 81 денар, Еуроспер БС-98 ќе биде 83,50 денари, а дизелот пак ќе има цена од 79,50 денари за литар.
Екстра лесното масло ќе биде 76 и пол денари. Цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена се намалува. Новата цена на мазутот ќе биде 40,732 ден/кг.