Од петок, 23 јули до понеделник 2 август, ноќните клубови и дискотеките се привремено забранети, и на отворено и на затворено.
Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.
„Вијести“ дознава дека од 2 август 2021 година, престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде можен безусловно.
Фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на надворешните собири и музиката во живо во локалите. Доколку продолжи трендот на кршење на прописите, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување.