Заменик-министерот за правда Ален Деребан вечерва се обрати на свечената седница на Собранието на Комората на вештаци. Во своето излагање тој ја нагласи фундаменталната улога што ја има вештачењето при прецизното утврдување на материјалните факти и донесувањето законити судски пресуди.
„Се осврнав на повторното воспоставување на Комората во 2024 година, новиот Тарифник за награди и надоместоци, подготовката на новиот Закон за вештачење, како и потребата од поголема професионална одговорност и навремено изготвување на вештачењата. Остануваме посветени на унапредување на партнерската соработка со Комората, со цел создавање јасни законски решенија, повисоки професионални стандарди и поефикасен правосуден систем“, објави Деребан.
Во обраќањето беше подвлечено дека стручноста, професионалната независност и личниот интегритет се основните темели врз кои се гради довербата во вештачењето, а со тоа директно се зајакнува и довербата на граѓаните во целокупниот правосуден систем.
