Јапонските власти соопштија дека Токио се соочува со најтешкиот удар од почетокот на пандемијата со коронавирусот. Во просек дневно има по 500 заразени во главниот град на Јапонија, а вирусот се шири и во останатите градови на земјата.
-Новиот брана би можел да предизвика откажување на настаните поврзани со Олимписките игри. Доколку ситуацијата излезе од контрола би можело целосно да се откажат и Олимписките игри, соопштија од Организациониот одбор.
Она што е сигурно ако се одржат Олимписките игри, е тоа што нема да има гледачи што ќе му даде необична и тажна слика на најголемиот спортски настан во светот.
Конечната одлука за тоа дали ќе се одржат Игрите, Јапонците ќе ја донесат наредниот месец. Олимписките игри треба да се одржат во периодот од 23 јули до 8 август годинава.