Гледајќи ги нападите на медиумите кои се под директна контрола на власта и во очекување на денешната прес конференција на тоталитарната СДСМ морам да го споделам она што го знам во однос на новиот директор на ЈП Паркинзи Скопје, Бојан Христовски.
Бојан е експерт за тероризам, обучувани меѓународно, еден од ретките кои работеа во УБК и професионално се пресметуваа со заканите за земјава.
По доаѓањето на власт на СДСМ, нему му беше одземен безбедносниот сертификат под образложение дека неговиот татко Љупчо бил “десен екстремист” и претседател на “Тврдокорни”. Никакво учество на 27 април не е споменато во одземањето на неговиот безбедносен сертификат и оттука станува јасно дека медиумите на СДСМ шират лажни вести.
И другите две информации во обработката зошто му е одземен сертификатот се лага. Неговиот татко ниту фигурира било како во “Тврдокорни”, ниту е “десен екстремист”. Единствениот грев на таткото на Бојан е што одел на протестите против промена на името. Инаку се работи за интелектуалец, човек кој е пионер на софтверското инженерство во земјава.
Јас ги објавив фалсификат документите од страна на службата со кои на Бојан му беше одземена сертификатот и пишував за класичниот прогон против него. Веднаш по објавувањето од АНБ ми поднесоа кривична и до ден денес се влечам по судови.
Пишувајќи за Бојан се запознав со него и заедно низ годиниве се влечеме по судските лавиринти, станавме и пријатели.
Добивме поддршка од Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави кои нашиот случај го оквалификуваа како политички прогон. Во меѓувреме тој доби пресуда и на управен суд со кој се поништи одлуката да не добие безбедносен сертификат. Докажа дека екипата на Виктор Димовски лажела дека неговиот татко е десен екстремист и лидер на Тврдокорни.
Во меѓувреме и покрај пресудите во негова полза, Оливер Спасовски не го прераспредели да работи на друга позиција во МВР и стоеше заглавен.
Уште кога ми соопшти дека станал директор на паркинзи му кажав дека ми е жал што наместо да се пресметува со терористички групи, ќе се пресметува со хаосот на паркинзите 🙂 Ми кажа дека немал друг избор, затоа што во МВР е целосно маргинализиран па мора да најде друго место каде што би работел на создавање на поредок.
Му посакувам многу среќа во спроведувањето на новата функција и се надевам дека еден ден ќе се врати во службите да го работи она што најдобро го знае.
Новиот директор на паркинзи беше жртва на политичкиот прогон на тајната служба на СДСМ
Н