Илија Димовски, поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи пишува за Гоце Делчев
Во продолжение неговиот став
Новите лекции од Делчев, во 2022 година…
Лекција број 1:
Двете славјански (бар по денешно толкување на историјата, а и јазикот) држави Македонија и Бугарија вчера организираа одбележување на роденденот на великанот Гоце Делчев.
Македонија своето централно одбележување го организираше во Скопје (главен град на вардарска Македонија), Бугарија во Благоевград (ообластен центар на пиринска Македонија)…
Одбележување на роденденот на Гоце Делчев во местото на неговото раѓање Кукуш немаше. Немаше ни во Солун по логиката на централни градови на сите три дела на Македонија, а сепак и раѓањето и смртта на Гоце Делчев е во егејска Македонија.
Заклучок: Да научевме дека кавгата меѓу нас е радост за другите, немаше да се расправаме помеѓу себе, туку ќе баравме, по рамки на европските вредности, одбележување на роденденот на Гоце Делчев да биде токму во местото на неговото раѓање Кукуш.
Лекција број 2:
Гоце Делчев почива во православната црква Свети Спас во Скопје, а панихидите за него низ годините ги организира и спроведува Македонската православна црква. Но, Гоце Делчев не бил православен. Тој бил припадник на унијатските цркви (Roman-orthodox). Припадноста негова на друга црква не го прави помалку Македонец.
Исто така, денеска во Македонија и (повеќе низ) светот постојат многу Македонци кои не припаѓаат ниту на МПЦ или на христијанството воопшто. Има Македонци муслимани, Македонци католици, унијати, протестанти, но има и Македонци (во Грција и Бугарија, но и низ светот) кои припаѓаат и вероисповедаат во БПЦ, ГПЦ или СПЦ.
Заклучок: Да научиме дека припадноста кон МПЦ не е предуслов да се биде Македонец и ден поскоро да подадеме рака кај нашите Македонци кои историјата (како и нас) ги однела во еден или друг правец.
Македонци се и нашите по Река, во Измир, Истанбул, Македонци се и нашите во Чикаго кои одат во српска црква, а зборуваат македонски, наши се и оние во Индијана кои одат во бугарска, но и оние во Мелбурн кои одат во грчка црква, а се од Македонија.