Како што информираат од МЖСПП, на средбата, министерот Нуредини ја презентирал новата легислатива и државна стратегија за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад ориентирани кон циркуларната економија. Тој ја истакнал потребата за соработка на регионално ниво за развој на преработувачките и рециклирачки гранки во управувањето со отпадот, како и иновативните пристапи во користењето на секундарните суровини, како и придобивките на економијата од обем и размената на знаења и добра пракса.

Сесијата фокусирана на оваа тема била затворена со усвојување заедничка изјава за соработка во одржливото управување со отпадот во ЦЕИ регионот.

Втората сесија е посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина.