Кому му одговара обид за дестабилизацијa?
„Обид за дестабилизација“ – „масло на платно“. Сценаријата за кои предупредуваше премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски веројатно се остваруваат. Навредливи скандирања, дивеење, хулиганизам, уништување на македонските национални симболи, палење македонско државно знаме – ваква беше сликата вчеравечер во главниот град.
(ВИДЕО) Реакции по вчерашното сквернавење на македонско знаме и останати провокации по улиците
Добро осмислено сценарио
Вчерашното неодговорно однесување и дивеење на поединци во групи го отворија прашањето: Дали преку меѓуетнички конфликт и поделби некој пробува да направи дестабилизација во Македонија? Дали станува збор за осмислено сценарио на протести кое е предводено од ДУИ, а за ова е добро упатена и СДСМ.
Одговорот на ваквото прашање веројатно „се крие“ и во самото соопштение на ДУИ каде за главен виновник ја осудувааат полицијата велејќи дека однесувањето на ДУИ било предивзикани од македонската полиција. Наместо извинување за запалените национални обележја, патем обележја од чии институции нивните функционери се уште лебот го јадат, тие продолжија со навреди и продолжија да глумат жртви.
Што предупредуваше Мицкоски?
Мицкоски уште на 5 август оваа година најави за ваквото можно сценарио.
„Ние како Влада имаме полно право да го браниме територијалниот суверенитет и интегритет, како и мирот на граѓаните. Тоа практично е и целта на една држава. Очекуваме тоа да се случи оваа есен, врз основа на тие информации кои што ги имаме, но да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или информациите нема да бидат точни“, рече Мицкоски при негова изјава тогаш.
МВР уапси осум лица
Во меѓувреме министерството за внатрешни работи во координација со јавен обвинител работеја синоќа до доцна во ноќта. Досега уапсени се 8 лица, каде изненадувачки е што се исклучително млади, а највозрасниот меѓу нив има само 21 година. Министерот Тошковски потенцираше дека помина времето „како до сега“, а најави дека допрва ќе се апсат и нови лица.
„Мала група која сака да предизвика етнички тензии“
Премиерот Мицкоски исто така излезе со најостра осуда за вчерашното дивеење низ главниот град. Премиерот истакна дека се работи за мала група која сака да предизвика етнички тензии.
Факт е дека МВР има брза реакција по вчерашните немири. Се очекува обвинителството да обвинителството да поднесе обвинение, па случајот целосно да се расчисти.