– Голак како место каде некогаш доаѓаа рекреативци од цела држава и пошироко секогаш во зима го има својот препознатлив сјај. Патот беше чист до одморалиштето, што покрај снежни доживувања на децата овозможи и долги прошетки на присутните. Навистина денот беше прекрасен и убаво беше да се биде денес на Голак, истакна посетител.
Од подружницата на ,,Македонија пат” потврдија дека имале интервенции со градежна механизација, наспоменувајќи дека патот Делчево – Голак е чист по целата должина, со тоа што на некои места биле забележливи паднати дрвја, кои се отстранети.
На останатите места во Пијанечко-малешевскиот регион кои водат до туристичките локалитети каде има снег, патиштата исто така се проодни, без посериозни проблеми по одвивањето во сообраќајот.